„Од сон на јаве“ – самостојна изложба на Иван Серафимов

Во Кинотеката вечер од 19 часот ќе биде отворена прва самостојна изложба на Иван Серафимов, насловена „Од сон на јаве“, која ќе може да се посети до 2 јуни.

Македонската народна носија го поттикнала да ја пренесе на дрво како слика. Црта пафти и ги украсува со копаничење и акрилни бои. Пред 30 години почнал да изработува касели – дел македонската семејна традиција за носење на невестинскиот чеиз, а  предизвик за неговите слики е и богатата македонскоцрковна орнаментика.

Иван Серафимов (Скопје, 1943) учествувал во формирањето секција за уметничко домашно ракотворење во Здружението на занаетчии во 2001 година и бил прв претседател. Како член на АТА, а потоа и на МАТА, учествувал на групни презентации во повеќе градови во земјава, како и во Сараево и Букурешт.