Од што живеам? Од она од коешто живееш и ти: љубов, воздух, вода, храна и среќа

Денес беше работен ден, ден полн со различни обврски. На дел од нив заработив пари, на дел – не. Вечерта бев на вечера кај еден пријател и една жена ме праша: „А ти живееш од тоа?“

А кога и одговорив дека не живеам од тоа, туку дека така заработувам пари, таа се збуни, па повтори: „Па да, тоа и го мислам, живееш од тоа.“

  • „Не, не живеам, така заработувам пари.“

  • „Ме зезаш?“

  • „Не.“

  • „Па од што живееш?“

  • „Од што живеам? Па од она од коешто живееш и ти: воздух, вода, храна, среќа...“

  • „Ха, ха, ха, ха, не мислам на тоа, ме интересира нешто поконкретно.“

  • „Конкретно... Па од љубовта, од енергија која ја имам...“

  • „Ха, ха, ха, добро, добро, ама сепак мораш да живееш од нешто, како имаш пари за сето тоа?“

И натаму не ѝ беше јасно. И натаму беше уверена дека човекот живее од работата која му носи пари, т.е дека живее од пари.

Можеби таа навистина живее од тоа, но јас не научив да живеам на тој начин.