Од септември плаќање за автобуски билет со картичка

Плаќањето на автобускиот билет од септември ќе функционира со новите картички. Оние граѓани кои нема да извадат картичка, сепак ќе можат да платат кај возачот на автобусот, но нема да добијат карта како до сега, туку фискална сметка.

Првонајавениот датум за замена на старите билети со новите картички беше први мај, но истиот се пролонгираше поради извесни несогласувања на приватните превозници. Сега за сега, останува први септември. Цената на билетот ќе биде 35 денари, независно од тоа дали користите автобус на ЈСП или на приватните превозници.

Во секој случај, покрај можноста да се купи билет кај возачот, се очекува многу брзо граѓаните да го прифатат новиот систем на наплаќање преку картичка. Со тоа ќе се зголеми безбедноста и ефективноста на возачите, кои досега имаа проблем и да наплаќаат и издаваат карти и да го возат автобусот.

Цената на месечните билети ќе се намали од 1650 на 1400 денари, иако тие се заменуваат со електронските картички „Моја скопска“ чија изработка чини 200 и важи наредните 10 години.