Од СДСМ велат дека четворица полицајци се повредени во синоќешните протести

Од СДСМ тврдат дека најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешните протести, како што велат, во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

-На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ. 

Оттаму велат дека СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби.