Од прозорец во Скопје летаат тегли ајвар, цвекло, јајца, кромид

Внимание! Да не се изненадите додека пешачите, ако не очекувано нешто ви падне од горе. Дали тегла ајвар, кромид, лушпи... Да, и ова е возможно во Скопје и од скопјани.

На својот Фејсбук профил, јавно, оваа мајка го споделува своето искуство, што и се случило неодамна додека поминувала покрај станбена зграда со своето дете. 

Кој е надлежен, кој да одговара, прашува таа, апелирајќи до сите да внимаваат. 

ВНИМАНИЕ!!!
На ден 10.10.2020 (сабота) шетајќи со бебето по патеката за пешаци од страна на булеварот Партизански Одреди, каде што е обележано со црвено, ме удри некој од кулата со кромид. Ме удри по грб и кромидот се подели на два дела. Среќа што удри во мене, да го држев детето во раце ќе беше фатално. Дете од неколку месеци да го удри некој од таа висина, вистина е фатално. Патем ова не е прв пат, често од таму летаат тегли ајвар, цвекло, јајца, ѓубре и све што може да замислите. Кога и да поминете таму ќе забележите искршени тегли и еден куп ѓубре. Секако веднаш пријавив во полиција, меѓутоа ми рекоа дека тоа не е во нивна надлежност и дека нивна работа не е да одат од стан на стан за да го најдат тој/таа. Целта на овој пост е да се сподели, зошто верувам дека сите имате свои сакани кои секојденевно поминуваат на главниот булевар пешки или со велосипед.
Петре Шилегов Стефан Богоев Град Скопје Општина Карпош Министерство за внатрешни работи
Можеби некои од горенаведените, ќе помогнат нешто во врска со овој случај, кога веќе полицијата тврди дека тоа не е во нивна надлежност!!!, објави на Фејсбук, Мартина Алчевска.