Од понеделник настава без мобилни телефони

Од 1 февруари во сите основни училишта од Ѓорче Петров за време на наставата, учениците и наставниците пред почетокот на часот во изготвените џебови, нумерирани со бројки по дневник на учениците, треба да ги одложат исклучени мобилните апарати на означените места.

Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка.