Од понеделник можни нови мерки - ништо нема да работи по 23 часот

Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз за 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти по 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, пренесува порталот а1 он

Целта на овој пакет мерки ќе биде да се намали ширењето на корона вирусот без директен респираторен контакт, бидејќи се поголем број од новозаразените не знаат каде и од кого се заразиле. 

Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледавме околностите од пандемијата. Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако се уште таму нема сместено пациенти. Во однос на бројките еве гледаме и секаде во регионот се сголемуваат случаите. со есенскиот бран, рече Филипче. 

Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. 

Тоа е пакетот мерки за задолжително ноење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот, и забрани за домашни посети на повеќе од четири лица.