Од почит кон себе, немој да се враќаш онаму од каде што еднаш те избркале

Од почит кон себе, не им се враќај на оние кои веќе еднаш те оставиле и кои ги гледале твоите солзи, а сепак си заминале без зборови. 

Не се враќај на оние кои уживале во твојата ранливост, затоа што на тој начин можеле да прават што сакаат, без страв дека ќе им вратиш или дека ќе ги спречиш во нивните намери. 

Не им се враќај на оние кои непрестајно ги менувале своите чувства кон тебе, па во еден момент ти давале љубов и нежност, а во следниот момент биле ужасни кон тебе. 

Од почит кон себе, не им се враќај на оние кои ги игнорирале твоите повици, лажејќи дека не чуле или не знаеле. Ги слушнале твоите повици, но тие не биле приоритет, дури ни меѓу првите 10 работи на нивната листа. 

Не им се враќај на оние кои преминувале на другата страна на улицата кога ќе те виделе, сакајќи да те заобиколат, затоа што си имале други пресметки. 

Не им се враќај на оние кои очекувале дека секогаш ќе им бидеш на располагање, а за тебе никогаш не биле на располагање.

Од почит кон себе не им се враќај на оние кои цело време те кителе со убави зборови и подароци, а те изневерувале секаде каде што ќе стигнеле, затоа што верувале дека нивната игра ќе трае вечно и дека нема да забележиш.

Имај почитување кон своето срце на кое не можеш да му одредиш колку може да издржи и поднесе, но и кон себе, за да не мора во иднина да си објаснуваш на себеси зошто постојано ги правиш истите грешки и не учиш ништо од нив. 

Сети се на она што те кршело, фрлало во очај и депресија и сфати дека некој друг пат може да ти донесе среќа и радост. 

Верувај им на искуствата на животот и помалку ќе доживуваш разочарувања, затоа што луѓето ретко кога се менуваат. 

Вистината е дека луѓето заслужувааш втора шанса, но по заслуга, а не да дадеш втора шанса за некој повторно да те повреди. 

Од почит кон себе, не се враќај онаму од каде што еднаш веќе те избркале!