Од почетокот на пандемијата починале вкупно 8.153 лица од ковид

Бројот на активни случаи секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, нивниот број во државава достигна 18.498 од кои повеќе од половина – 9714 се во Скопје. Расте и бројот на реинфекции.

Од направени 6.353 тестови, регистрирани се нови 2.051 случај со Ковид-19 од кои 276 реинфекции, седум починати и 747 оздравени пациенти.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски синоќа во телевизиско гостување рече дека околу пикот сме на сојот омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше. Тој истакна дека не очекува во следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото. Препорачува да се носат маски N95.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, а на починати е 8.153.