Од оваа недела вакцинација и на кампусот на УКИМ

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче повторно повика на помасовна вакцинација, а најави и дека во текот на неделата пункт за вакцинација ќе се отвори и на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Сите заинтересирани студенти од четврток ќе можат да се вакцинираат таму.

Филипче ги повика младите да се вакцинираат, а иста порака испрати и студентот Ернес Никочевиќ.