„Од небо до дно“ новиот хит на Каролина Гочева

Вчеравечер, македонската поп-пејачка Каролина Гочева го објави својот нов музички хит задно со видео спот. Ова беше големо изненадување, но и долгоочекуван настан во кариерата на Каролина, со оглед на тоа што таа направи подолга пауза во создавањето на нова музика и музички спотови посветувајќи се на своите концерти и настапи.

„Од небо до дно“ без сомнение станува нашата нова омилена песна, а за истата да биде толку феноменална се погрижија долгогодишните соработници на пејачката. Под стиховите на оваа песна се потпишуваат Весна Малинова и Владимир Даниловиќ, а позади одличниот аранжмнан стои Роберт Билбилов кој заедно со неговата продукција се погрижи и за реализацијата на видео спотот, а Каролина е автор на музиката на оваа песна.

Во видео спотот на песната, Каролина носи избрани парчиња од македонската стилистка Јована Зука, во соработка со Дадар и Јасмина Костиќ кои беа задолжени за шминката и фризурата на пејачката.

Што мислите вие за новата песна на Каролина, ви се допаѓа?