Од мотоцикл пукано кон автомобил во Сарај, додека во него седеле две лица

Две лица од мотоцикл пукале кон возило во село Сарај додека внатре седел 25-годишен скопјанец со својот другар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово околу 04:00 часот во СВР Скопје, Р.З.(25) од скопското село Глумово пријавил дека во село Сарај, додека со негов другар биле во паркирано патничко возило, застанале две лица со мотоцикл, по што едното од нив од огнено оружје испукало неколку куршуми кон возилото и го оштетило.

Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот.