Од монологот на една 70-годишна жена...

Понекогаш мудроста доаѓа со годините, некогаш со искуството, а понекогаш воопшто не доаѓа. Како и да е, со годините почнуваме повеќе да разбираме, чувствуваме и сфаќаме како функционира животот. Секако дека вреди да се слушаат постарите луѓе затоа што се полни со животни мудрости. 

Од монологот на една 70-годишна жена:

На 20 години копнеев по љубов. 

На 40 години станав донатор, од кој сопругот и децата си земаа љубов колку што им беше потребно.

На 60 години веќе бев исцрпена и повеќе не ми беше дојдено до љубов.

А сега, на 70 години, си земав едно куче од стационар, напуштено од сите... И првпат дознав какво е чувството да те сакаат само затоа што постоиш. Дури и родителите ме сакаа затоа што бев послушна, а не заради тоа што бев она што бев. 

Ми доаѓа со носето да ме продушка, ме гледа во очите и за него јас сум најубавата и најпаметната на светот. Ме чека како што не ме чекал ниту еден маж во кој сум била заљубена. 

Знаете, порано се смеев на идејата на стари осамени жени со мачки, но сега сфаќам како треба да се смееме самите на себе, затоа што заостануваме зад животните во давањето љубов. 

Треба да се замислиме за тоа.