„Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“ - фејсбук статус на сопругата на Ѓоко Ристов

Симона Зориќ,  сопругата на поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов, со објава на социјалните мрежи реагираше на коментарите во јавноста поврзани со случајот со 350.000 евра пронајдени заѕидани во ѕид во семејниот дом на Ристов.

фото: во Центар

„Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“, прашува Зорик во статусот, алудирајќи на објаснувањето на родителите на Ристов дека парите се нивни заштеди, заработени со долгогодишна работа во земјоделството и со плетење.

Случајот привлече внимание откако во јавноста беше објавена информацијата за пронајдената сума. Според медиумските извештаи, родителите на Ристов изјавиле дека средствата ги стекнале преку производство и продажба на земјоделски производи, меѓу кои бостан, дињи, пиперки и грозје.

Објавата на Зориќ доаѓа во контекст на јавната дебата за потеклото на парите и начинот на кој семејството ги објаснува заштедите. Нејзиниот статус го става акцентот на земјоделскиот труд како извор на заработка, во време кога случајот предизвикува интерес кај јавноста.