Од Кале до Градски парк - скопјани ќе го „билдаат“ адреналинот

Градоначалникот Петре Шилегов планира метрополата да добие зиплајн жичница, реквизит кој треба да ја збогати туристичката понуда на градот. 

Оваа атракција, според најавите, ќе биде опремена со безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето.

Должината на зиплајнот предвидено е да биде околу 400 метри.

На пролет ќе се распишел тендерот, а од Град Скопје се надеваат дека уште летово граѓаните можат да ја користат.

Додека се планира овој проект, надлежните се во дилема дали воопшто да продолжат со изградбата на втората фаза од жичницата на Водно, чија крајна дестинација требаше да биде Институтот за белодробни заболувања во Козле.

На крајот од минатиот месец, Владата донесе одлука да се преиспита целисходноста на проектот.

Дел од граѓаните изненадени од идејата на Шилегов.Велат дека долга листа приоритети чекаат за реализација и дека во моментов ваквиот проект е непотребен.