Од „џип“ пукано со оружје кон друго возило - Апсење во кумановско, подигнати и куршуми

Пукање со огнено оружје се случило по полноќ во кумановско. 

Како што информираат од полицијата, денеска во 06:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделение Матејче го лишиле од слобода А.М.(39) од село Отља, липковско.

Лицето се сомничи дека во 00:15 часот, додека се наоѓал во возило „џип“ заедно со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон „опел омега“ со кумановски регистарски ознаки, во кое се наоѓале Е.Ш.(45) од село Отља и Х.А.(43) од Куманово.

Во инцидентот нема повредени лица, а на возилото не се пронајдени траги од куршуми. На местото на настанот биле пронајдени три чаури.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.