Од дивата депонија во Карпош „смрди“ на неспособност

Чад и неподнослива смрдеа ги натера жителите од повеќе населби во Општина Карпош и пошироко во Скопје да се затворат дома на неколку наврати во изминативе денови.  По нивното негодување беше утврдено дека загадувањето доаѓа од опожарување на дива депонија во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”.  За да се увериме дека тоа е изворот на загадувањето излеговме на терен кадешто „уловивме“ чудни контрасти објави doma.edu.mk

Приметливо е дека освен што се крие зад спортски сали, базен и забавен парк коишто по правило асоцираат на здрав живот и чиста средина, во релативна близина на дивата депонија се наоѓаат државни и приватни болници. Човек може само да замисли како се чувствувале пациентите, а посебно трудниците сместени во овие болници за време на горењето на депонијата и неподносливата миризба.

Oд Општина Карпош соопштија дека на терен интензивно се работи на средување на дивата депонија со соодветна тешка механизација, (гасеничари, камиони и сл.) и дека во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.

Општината најави дека од 16:00 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа.

Оттаму додадоа дека градоначалникот Стефан Богоев се обратил до СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови и укажаа дека изминативе три години континуирано работат на чистење на депониите.