Од денеска во Дебар маало ќе се вози 30 километри на час

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, советниците од Советот на општината и вработените, како и припадниците на сообраќајната полиција, денеска делеа летоци со кои ги запознаваа граѓаните дека во Дебар маало започнува проектот „Зона 30 – за безбеден Центар“.

Проектот е со јасна цел да се подигне нивото на безбедност во еден од најфреквентните делови од општината и од градот.

Ограничувањето за движење на возилата со брзина од 30 км/ч го опфаќа делот на општина Центар, ограничен со улиците: булевар „Партизански Одреди“, улица „Франклин Рузвелт“, булевар „Илинден“ и булевар „Св. Климент Охридски“.

На влезните и на излезните улици, на видни места низ Дебар маало се поставени 25 сообраќајни знаци.