Од 248 тестирани, новозаразени се 11 лица со ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 9, Прилеп и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (11), регистрирана е една реинфекција.

Регистрирани сe 56 оздравени пациенти од: Скопје – 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово –  1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 21.10 до 22.10.2022 година.

Направени се 248 тестови: ИЈЗ-12, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-0, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-16, Биотек-6, Систина-3, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-10, Плодност-1, Генеа-0, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 177.

Досега во земјата се направени вкупно 2.180.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.