Од 24-26 јуни Крушево домаќин на интересен адреналински фестивал

Од 24 до 26 јуни, по 6. пат во Крушево ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“ (Кога во Крушево). Оваа година Ферстивалот ќе понуди бројни активности и отворена можност за уживање по двегодишните ограничувања за движење.

Фестивалот ќе ги понуди адреналинските спортови: искачување на вештачка карпа, јавање коњи, кајак и SUP (stand up paddleboard). За љубителите на планинскиот велосипедизам има кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за истражувачите на планинските убавини, кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри.

За прв пат оваа година за обожавателите на трките, ќе се одржи и трка од 5 километри како и „trail“ трка.

Бидејќи Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам, во Фестивалот е вклучен тандем параглајдинг од Мечкин Камен.

За посетителите и семејствата ќе има забава преку денот, како и многу детски игри кои ќе се одржат на Крушевското езеро.

Со оглед на тоа дека заинтересираноста е голема, и годинава е обезбедена камп зона на Крушевското Езеро со сите потребни услови.