Вчера во утринските часови во Куманово од подметнати пожари изгореа фотокопирница и неколку автомобили меѓу кои и автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами.Според првите неофицијални информации, лица кои ги користеле уреди за блокирање камери се сомневаат дека инцидентот бил извршен со намера, за да се избегне снимањето на случката.
Пожарникарите брзо реагирале и го изгасиле огнот. Во моментов се спроведува истрага за да се откријат причините за пожарот и евентуалната врска со личноста на која автомобилот припаѓа.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор.“, изјавија од Јавното обвинителство.
Од Обвинителството велат дека се преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето.