Обновени чешмите во првиот дел на Градскиот парк

По три години нефункционалност обновени чешмите во првиот дел на Градскиот парк.

Јавните претпријатија на Град Скопје, Водовод и канализација и Паркови и зеленило ги обновија чешмите во Градскиот парк.

„Чешмите во првиот дел на Градскиот парк три години не беа во функција, а сега обновени и бојадисани, на овие високи летни температури, ќе нудат освежување на посетителите на паркот“, стои во соопштението на официјалната фејсбук страна на Град Скопје.