Облеката не го прави човекот: Со купување на скапи парчиња на своите деца родителите сакаат да го нагласат материјалниот статус

Некогаш сите деца биле исти и исто се облекувале. Родителите не се натпреварувале чие дете ќе биде облечено во поскапи парчиња облека. Чие дете ќе носи поскапи патики или пак јакна.

Децата уште од мали почнуваат да учат од своите родителите, па често знаат и во училиште тоа да го кометираат со своите врсници, колку родителите им се моќни. Колку пари чинат нивните нови патики, и да им се исмејуваат на оние кои немаат брендирана и скапа облека.

Кој е виновен?

„Облеката не го прави човекот“, е позната изрека, на која можеби треба да и се додаде „... не го прави ни детето“...

Во современото општество, родителите често се жалат дека вистинските вредности на кои треба да почива една заедница се  изгубени и не постојат. Но,  од друга страна забораваат дека најголемиот пример за своите деца се токму тие. За време на нивниот раст и развој родителите имаат најголемо влијание. Инсистирањето на родителот на неговото дете  да му купува брендирани играчки и облека е феномен кое подоцна влијае и врз развојот на самото дете. Тоа искуство кое ќе се провлекува кај детето се додека трае периодот на развој, па и понатаму кога ќе се изгради во личност.

Доколку брендираната облека е синоним за квалитет, тогаш нејзината примена е оправдана. По принципот „не сум толку богат за да купувам евтини парчиња“, родителите одлучуваат да купат неколку квалитетни парчиња, отколку повеќе кои се за еднократна употреба.