Облачно и студено време, следните денови очекувајте дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.