Облачно и студено со ветер и услови за снег

Времето во текот на ноќта и изутринава беше променливо облачно, со врнежи од снег во северозападните и северните делови. Изутринава и во делови од Скопската Котлина провеа снег. Дуваше слаб, а во североисточните делови умерен ветер од северен и северозападен правец.

Денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 3 степени, а дневната од минус 3 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со утринска температура до минус 1 степен, а дневна температура до 5 степени.