
Премиерот, Христијан Мицкоски, објави видео по повод 35 години македонска независност.
„Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук.
Во видеото се прикажани некои од најзначајните моменти и личности во историјата на независна Македонија, а главен лик во видеото е Игор Џамбазов.
Видеото вирално се шири низ Интернет просторот. Со посебни емоции и зборови на гордост го споделуваат голем број Македонци.
- Кој и да го направил овај видео запис, конечно го прикажа вредното во човекот. Искрено солзи ми течат гледаќи го. Оти ретко кога Македонец знае да пофали што било, што е вредно и на што треба да бидеме горди. Како да сме задоени само за критики и понижување, е па ова е доказ дека некој ја гледаат и убавата страна, гласи еден коментар под видеото.