
Тринаесетмина кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската прес-служба.
„360 степени“ објави листа каде што може да се видат дипломирани правници (и со положен правосуден испит), економисти, криминалисти, пет магистри и еден доктор на науки.
Ова е листата со пријавени кандидати:
- Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција;
- М-р Благица Трошанска од Скопје, дипломиран правник и магистер на политички науки;
- Феузи Џафери од село Чајле-Гостивар, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по дипломатија;
- Проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки;
- Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, магистер по деловно право;
- Весна Доревска од Скопје, дипломиран правник;
- Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит
- Бранко В`чков од Скопје, дипломиран криминалист;
- Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит;
- Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник, магистер по меѓународно право;
- Зоран Наумов од Кавадарци, дипломиран економист;
- Костадин Кус Иванов од Скопје, дипломиран економист;
- Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник.
Собранието на 1 август годинава донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на претседател.
Постапката со јавниот оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори.