Објавена „Идентитетот е приказна“ - книга за есеистиката на Горан Стефановски

Издавачката куќа „Полица“ ја објави книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. 

Книгата е објавена по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, а се работи за прв книга во која детало се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски.

Книгата е издадена во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, а во неа објавен е и последниот, тестаментален есеј на Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

Средиштето на книгата се поглавјето во кое се третира поетиката на есеите на Стефановски, а Антоновски, потоа, вниманието го насочува и кон одделни прашања и дилеми поврзани со идентитетот, присутни во есејот на Стефановски, претставувајќи ги и преку своевиден мини-каталог.

Иван Антоновски е млад, но искусен и докажан автор, кој зад себе веќе има неколку публикации, а од крајот на 2021 година е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Првичната верзија на книгата „Идентитетот е приказна“ беше негов магистерски труд, со кој оствари обид за прочит и вреднување на есеистиката на Горан Стефановски. Објавувањето на книгата „Идентитетот е приказна“ е остварено со поддршка од Министерството за култура. Книгата веќе е достапна за читателите во книжарницата на „Полица“ во Скопје, а наскоро ќе ја има и во другите поголеми книжарници во земјата.