Објавена е листата на туристичките капацитети за ваучерите

Проектот „Дома си е Дома“ не ги вкучи туристичките агенции во земјава.На официјалната веб страна осамнаа сите овластени туристички капацитети кои граѓаните ќе може да ги посетат и да го искористат добиениот ваучер без да ангажираат туристичка агенција велат од агенциите.

„Требаше да ни биде овозможен пристап на сајтот на министерството за економија да можеме да се регистрираме како туристички агенции за да можеме ваучерот да оди преку агенциите. Доколку туристички агенции беа вкучени во оваа кампања ефектот ќе беше многу поголем, ќе беа мотивирани колку толку да ја подобрат целата слика со туризмот во Македонија“, рече Јасмин Карапанчев- Туристички агенции.

Од министрството за економија тврдат дека агенциите не се исклучени, но останува сами да си направат  договор со објектите и да ги нудат на граѓаните.

„Туристичките агенции може да склучат договор со некој од објектите и да продаваат аранжмани на лица кои поседуваат ваучер односно да посредуваат и да понудат дополнителни услуги  со тоа што лицето задолжително ваучерот ќе го приложи во објектот каде што ќе престојува, а истиот објект ќе го фактурира износот до Министерство за економија“, наведуваат од министерството за економија.

Ваучери за туризам во износ од 6 илјади денари добија граѓаните кои имаат нето месечни приходи од најмногу 15 илјади денари. Овие ваучери ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември годинава во некој од домашните туристички капацитети објавени на веб станата „Дома си е Дома“.

izvor AlsatM Tv