
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Д.Т.(39) од Кочани за продолжено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавениот, на 04.10.2024 неовластено влегол во простории на Центар за дијализа во Кочани и од заклучен шкаф од две вработени лица одзел паричник со пари, две банкарски платежни и лични документи.
Истиот ден, второпријавениот му помогнал на првопријавениот, употребувајќи ги одземените платежни картици од лицата и подигнал парични средства во вкупен износ од 40.300 денари.