
Двајца крадци ноќеска имале неуспешен обид за грабеж на бензинска пумпа во Кисела Вода.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (12.01.2026) во 01:26 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 01:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот, се обиделе да одземат пари, но не успеале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.