Нутриционистите откриваат кое е најздравото овошје

Овошјето со право се смета за одлична ужинка, а тоа е еден од најдобрите начини за подобрување на нашето здравје.

Photo by Markus Spiske on Unsplash

Но, кое овошје е најздраво? Што велат нутриционистите?

Боровинки

Боровинките се високо на листата поради тоа што содржат високо количество природни влакна, како и витамин Ц, К, манган и антоцијанин. Само една шолја боровинки во текот на денот помага за подобрување на крвотокот, ја штити нашата меморија и го чува имунитетот.

Јаболки

Јаболките се богати со природни влакна и корисни полифеноли, а тие се одлични за намалување на крвниот притисок и подобрување на здравјето на срцето. Освен тоа, богати се и со омега 3 масни киселини што го чува нашиот мозок.

Малини

Малините се одлично овошје за поздрава кожа и добро балансирани хормони. Тие се богати со витамин Ц, а придонесуваат и за лачењето колаген и ја штитат кожата од стареењето. 

Банани

Бананите се особено добри за оние кои се физички активни. Тие на нашето тело му даваат енергија, а се одлични и за здравјето на срцето.

Лимон

Лимонот е богат со витамин Ц и на тој начин е најдобар чувар на нашиот имунитет. Тие се најдобро овошје за почеток на денот, а одлично влијаат и на балансот на шеќерот во крвта. Познати се како овошје кое чисти, па така ги смалуваат воспаленијата и го поттикнуваат варењето.