Нож и марихуана пронајдени кај скопјанец во Градски парк

Полицијата вчера вечер уапси скопјанец во Градски парк. 

На 18.09.2022 во 21.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода В.Ц.(26) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож, соопшти полицијата. 

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.