Нож и дрога пронајдени кај едно лице во тетовско

Во текот на вчерашниот ден, во 21.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(24) од с.Јеловнаје, тетовско.

При преглед во неговото возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени марихуана, бела тврда материја и еден нож.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.