Новото породилно ќе го злоупотребуваат во приватниот сектор, предупредува активистката Глигорова

Граѓанската активистка Ана Глигорова алармира на можните злоупотреби во приватниот сектор во однос на она што го предвидува новиот закон за породилно отуство. 

Како што анализира таа, можно е мајките да станат жртви на стопанствениците кои сакаат да маниипулираат со родовата еднаквост.

-Во предлог законот стои - пет месеци породилно отсуство на мајката и четири месеци родителско отсуство, кај што не стои децидно мајчинско родителско отсуство. Таткото има право да земе замислете исто толку, четири месеци платено остуство за чувење на детето. Зошто не се три или пет месеци, туку четири? Поради можните злоупотреби кои најмногу ќе ги има во приватниот сектор. Пример, газдата ќе је повика мајката после петтиот месец, таа ќе му одговори - Имам право уште четири месеци родителско отсуство! На тоа газдата ќе реплицира, па во законот стои дека таткото има право на четири месеци отсуство, и тој е родител, нели? Така што драги мои, трикот е одличен за стопанствениците кои сакаат да маниипулираат со родовата еднаквост предложена со законот, вели Глигорова. 

-Мајката се враќа на работа за пет месеци, бидејќи газдата ќе и рече дека ќе ја замени, со дете кои уште не седи, кое го дои, кое не се осмелува никој да го чува бидејќи е длабоко врзано со мајката, а таткото не може да му ја пружи истата потреба на таа рана возраст. Убаво е мајката да има загарантирано една година породилно отсуство, а таткото до третата година шест месеци платено отсуство. Така се размислува за социјалната и човечката димензија, не со блефирање, пишува во својата обајава Глигорова.