Новогодишна реклама на Амазон: Љубезноста е најголемиот подарок на светот

Најновата реклама на Амазон нè потсетува на најважната работа на светот: љубезноста.

 

Глобалната реклама на Амазон која е посветена  на новогодишните празници ја раскажува приказната за младата девојка која се поврзува со својот сосед. Тоа е магијата на малите нешта и почетокот на едно убаво пријателство.

Сепак, љубезноста е најголемиот подарок кој можеме да им го дадеме на другите,  а гласот на Адел само дополнително ја зголемува емоцијата низ видеото.

Според Амазон, нивната кампања ќе биде поврзана со изминатите 18 месеци кои ги минавме во пандемијата а кои донесоа тага и осаменост за многу луѓе во светот. Не треба да ја занемариме важноста на малите дела и начинот на кој тие нè поврзуваат со другите.