Новогодишна крем салата со сусам и павлака

Ова е една од највкусните и наједноставните крем салати за новогодишната ноќ.

Потребни состојки:

8 мали кисели краставички

10 лажици печен сусам

350 гр кисела павлака

300 гр пршута

250 гр мајонез

300 гр рендан кашкавал

Најпрво испржете го сусамот на слаб оган и оставете да се олади. Потоа ситно исечкајте ги сите состојки и ставете ги во еден голем сад. Штом се олади сусамот, додадете го и на крајот ставете ги павлаката и мајонезот.