Новогодишна елка со Нутела - вксуна, мека, топла и слатка (видео)

Замислете си го мирисот кој ќе се прошири низ дома и аромата која ќе ги привлече сите, од најмлади до најстари, околу кујната.

Оваа новогодишна елка со Нутела е токму таква - вксуна, мека, топла и слатка.

Потребни состојки:

  • 450g брашно
  • 70g шеќер
  • 2 лажички сув квасец
  • Малку сол
  • 30g стопен путер
  • 180ml стоплено млеко
  • 2 жолчки од јајца (белките сочувајте ги за премачкување)
  • 1 шолја Нутела

Подготовка:

Измешајте го квасецот во ¼ шолја топла вода и оставете да отстои 10 минути.

Во друг сад измешајте го брашното со солта и шеќерот. Додадете го квасецот и мешајте 5-7 минути додека не добиете убаво тесто.

Покријте со пластична фолија и оставете да нарасне на топло место околу 1 час.

Откако ќе го подготвите тестото, постапката за правење новогодишна Нутела елка, погледнете ја во видеото: