Ново зелено катче во карпош - Green Corner

Левата страна (коцка) на влезот на ТЦ „Лептокарија“ во општина Карпош  ќе добие нов лик. Во текот на летниот период ќе започне хортикултурно разубавување (со повеќе зелени грмушки и цветни растенија), а дополнително ќе се постават и нови реквизити за најмладите: лулашки, тобогани, клацкалки и клупи. Овој дел ќе прерасне во нов зелен Green Corner, кој ќе биде отворен за сите посетители и минувачи од овој дел на Општината.

Имајќи предвид дека ТЦ „Лептокарија“ е една од најпосетуваните локации во летниот период, со ова ново, зелено катче ќе се постигне дополнителна хуманизација на јавниот простор кој ќе го користат најмладите и нивните родители.

Уредувањето на овој простор претставува донација од меѓународната финансиска компанија Credissimo, која ќе ја покаже својата општествена одговорност кон локалната заедница и кон жителите на Карпош. Green Corner во општина Карпош е првиот простор кој ќе биде обновен и е дел од долгорочната стратетгија на компанијата за корпоративна и општествена одговорност во Македонија.

“Се радуваме што ќе имаме можност да допринесеме кон подобрувањето на животната средина за жителите на општина Карпош и што ни укажаа шанса токму на овој простор да го реализираме првиот проект од долгорочната стратегија за корпоративна и општествена одговорност на нашата компанија.“ – сподели Георги Руков, директор на интернационалниот бизнис-развој на Credissimo. ­ ­

Инаку, Credissimo е „зелена“ компанија, која работи целосно онлајн со автоматизирани процеси. На овој начин компанијата избегнува да користи ресури кои ја загадуваат околина како што се: хартиени материјали, струја за канцеларии и службени автомобили, кои дополнително ја натрупуваат градската инфраструктура.