Ново спортско игралиште и реконструирано детско катче во населеното место Кирил Петрушевски

Градоначалникот на Општина Гази Баба го посети населеното емсто Кирил Петрушевски, каде што се пушти во употреба нов спортски терен и реконструирано детско катче. 

Стефковски рече дека се работи за најсовремена опрема и реквизити кои граѓаните ќе ги користат за спортска рекреација. 

-Денес бев во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде го пуштивме во употреба новиот спортски терен на тартан подлога, како и реконструираното детско катче и уредениот простор со урбана опрема. Жителите на Кирил Петрушевски добија уреден простор за спорт и рекреација. Продолжува реализацијата на проекти во населените места низ општината. Гази Баба добива лик на модерна и урбана општина! - напиша Стефковски на официјалната Фејсбук страница.