Уште еден случај на избегани Непалци е забележан во билтенот на МВР. Овој пат се работи за 9 лица кои биле пријавени дека ги нема од страна на фирма во Скопје.
„Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечиле девет лица од Непал, кои биле вработени во фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, пишува во билтенот на МВР.