Во дворот на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, се пушти во употреба ново детско игралиште.
Игралиштето е донација на ЛинкАкрос со финансиска помош од компанијата Армедиа, со поддршка од општина Гази Баба.
Присутните ги поздравија директорката на училиштето Ана Петровска и градоначалникот Тони Трајковски, кои се заблагодарија на невладината организација ЛинкАкрос и на компанијата Армедиа, на вработените во училиштето и сите кои помогнаа да се направи ова детско игралиште, кое ќе го користат учениците и најмладите жители од Стајковци.
Сите кои учествуваа во изградбата на игралиштето од ОУ „Кирил и Методиј“ добија Благодарници.
Учениците со наставничките за оваа пригода подготвија кратка приредба.