Ново детско игралиште во Скопје - Север

Општина Бутел продолжи со реализирање на ветените проекти кон граѓаните, па така беше изградено ново детско игралиште во Скопје - Север.

- Изградено е комплетно ново детско игралиште кое се наоѓа на улица „Боро Менков“ во населеното место Скопје - Север. Нова високо квалитетна мека подлога е поставена за безгрижна игра на дечињата. Нови реквизити, нова урбана опрема, како и целосно уредување на просторот, информира градоначалникот Дарко Костовски.

Предходно беа завршени и пристапните пешачки патеки до станбените единици во населеното место Скопје - Север.