Нови препораки од СЗО: Само вака ќе се заштитите од коронавирусот во текот на летото

Високите температура секоја година влијаат врз здравјето на луѓето, можат да поттикнат исцрпеност и топлотни удари како и да ја влошат, веќе влошената здравствена состојба. Па како тогаш да се заштитиме од горештината за време на пандемијата од коронавирус.

„Одбегнувајте излегување и напорна телесна работа во најтоплиот дел од денот. Ранливите групи население треба да го искористат најповолното време за купување, кога и да е тоа возможно. Побарајте ладовина. Не ги оставајте децата или животните во паркиран автомобил, поминете 2-3 часа во разладен простор, почитувајќи физичка оддалеченост најмалку од 1 метар“, советуваат од СЗО.

Не заборавајте да го разладите својот стан или куќа во која живеете, намалете го загревањето во текот на денот, така што ќе ги спуштите ролетните, ќе навлечете завеси и ќе исклучите што е можно повеќе електрични уреди.

„Одбегнувајте изложување на сонце или температураи повисоки од 25 степени, зошто нема докази дека тоа спречува или лекува ковид-19, а го зголемува ризикот за здравје (изгореници и болести предизвикани од горештина). Можете да се разболите од ковид-19 без оглед колку е сончево и топло времето, поради тоа заштитете се себе и другите со редовно миење на раце, кашлање во свиткан лакт или марамче и избегнување допирање на лицето“, наведува СЗО.