Нови и неочекувани симптоми на делта-сојот

Делта-сојот е доминантен во моментов кај сите заразени, а покрај стандардните симптоми, дел од заболените забележале и други, необични и неочекувани. 

Лупењето на кожата на прстите е еден од нив и е резултат на имунолошката активност на телото. Може да се појави и на нозете и на рацете, но и на делови од лицето кои се вообичаено посуви. 

Доколку забележите дека по ковид имате изразено сува кожа која се лупи или лесно се збрчкува, земете повеќе витамини и хидрирајте ја редовно. 

Вашиот имунолошки одговор некогаш е пресилен за целото тело, па може да резултира со вакви појави.