Нови хибридни дигестори во лабораториите на Водовод – Скопје

Со цел зголемување на безбедноста при изведување на работните процеси во хемиските лаборатории на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје се вградија нови хибридни дигестори кои се предуслов за безбедно лабораториско работење.

Од ЈП „Водовод и каналзиација“ Скопје денеска соопштија дека лабораториите на нивниот Сектор за санитарна контрола чија работа е акредитирана според ИСО 17025, се единствени од овој тип во државата и располагаат со најсовремената и најсофистицирана опрема.

– Објектот во кој е сместен Секторот за санитарна контрола во кои се наоѓаат лабораториите за тестирање и контрола на квалитет на вода за пиење на град Скопје е изграден и пуштен во употреба 1995-1996г година. Со изградбата, како дел од лабораториска опрема биле вградени дигестори, кои од тој период па до денес успешно си ја вршеа својата заштитна функција, но со напредокот на техниката и технологијата, како и осовременувањето на лабораториското работење се јави потреба за вградување на нови. Бидејќи се едни од основните заштитни уреди на секоја лабораторија тие се oсновен предуслов за работа во неа, вели во пишана изјава Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола.

Таа додава дека целта на дигесторите е да обезбедат заштита на аналитичарот, заштита од вдишување на штетните гасови и значително да го намалат ризикот од пожар и експлозија, заштита на експериментот и заштита на животната средина.

– По своите карактеристики и особини е киселинско-базно отпорен заштитен кабинет кој ги абсорбира сите испарливи гасови кои се дел од голем број на хемиски реакции. Дигесторите овозможуваат безбедни услови за работа и максимална заштита на вработените, додаде Петровска.

Петровска истакнува дека дигесторите кои се поставени во хемиската лабораторија за питка вода и хемиската лабораторија за отпадни води се од италијанскиот производител Chem Fast со хибридна техника. Во ChemFast дигесторите се е безбедно итегрирано и нема присуство на не-филтрирани гасови. Кај хибридните дигестори функционалноста е комбинација од традиционалното и модерното одведување на гасови со филтрирање.

Според Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, инвестициите на преторијатието се во насока на зголемување на ефикасноста и ефективноста на работните процеси, но и заштита на вработените.

-Придобивките од инсталацијата на овој тип на дигестори се и во рамки на енергетската ефикасност, но и заштита на животната средина имајќи го предвид фактот дека истите имаат и систем за енергетска заштеда, со што се обезедува до 80 проценти помала потрошувачка на енергија од класичните типови на дигестори. ChemFast дигесторите имаат и посебни филтри преку кои се филитрира и најмалото количество на издувен гас пред да се испушти во воздухот. Ваков тип на дигестор, освен во хемиските лаборатории, е поставен и во Пречистелната станица за отпадни води – Волково, информира Весковски.