Нова жртва на измамата со лажна операција - жена од Градско остана без 240.000 денари

Вчера во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријавила дека била измамена за сума од 240.000 денари.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница.

Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.