Нова урбана опрема кај Драмски во Карпош 2

 Нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци се поставени во Карпош 2, во околината на новите тревни површини, спроти Драмски театар.

– Откако неодамна, ЈП „Паркови и зеленило“ засади нова тревна површина во овој дел на Карпош, локалната самоуправа ја обновува урбаната опрема, а беше поставен и систем за наводнување на зеленилото, соопшти Општина Карпош.

На овој начин, додаваат, локалната самоуправа продолжува да работи на креирање на маалски центри во секоја населба, чија цел е унапредување на маалскиот соживот.