Нова македонска апликација покажува кога е најдобро да ги споите деновите и да добиете продолжен викенд

Македонец разви нова веб-апликација spoidenovi.mk која со неколку клика ви пресметува кога е најисплатливо да земете слободни денови за да добиете продолжен викенд или подолг одмор. Алатката веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи, особено затоа што визуелно прикажува кои празници „се спојуваат“ со работните денови и колку денови од одмор ви се потребни за максимален ефект.

Според апликацијата, на пример, со само пет денови годишен одмор, на почетокот на годината може да се добијат дури 12 споени денови одмор, што ја прави алатката корисна за сите кои сакаат однапред да го планираат личниот или семејниот календар.

Дарко Божинивски, авторот на апликацијата на социјалните мрежи го претстави проектот како „скромен придонес кон еден од омилените македонски спортови – спојување одмори“, додавајќи дека сите корисници можат да испраќаат предлози, пофалби и забелешки.

Реакциите се претежно позитивни, а LinkedIn-корисниците ја нарекоа апликацијата „топ генијална“ и „алатка која конечно ни ја олеснува најслатката мака – планирањето одмор“.

Апликацијата е бесплатна и достапна на: https://spoidenovi.mk