Нова хаварија, од утрово РЕК Битола не произведува струја

Нова хаварија се случила утрово во РЕК Битола, по што во оваа термоелктрана веќе не се произведува струја, неофицијално потврдуваат од ЕСМ за порталот МКД.мк.

Македонија во моментов најголемиот дел од потребите за електрична енергија ги увезува. Цената на струјата на берзата се продава и по повеќе од 200 евра за мегават час.

Утрово околу три часот пукнала цевка во Блок 1 во РЕК Битола.

Пред два дена во РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3. Тогаш официјално беше соопштено дека за производство на струја нема да се користи блок 3, туку ќе се рестартира блок 2. 

Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба. Тој тврди дека рестрикции не се потребни.

Власите најавуваат дека од декември треба да стартува и ТЕЦ Осломеј, а сценарио се прави и за ТЕЦ Неготино. А од пред извесен период во функција е ставена и хидроелетраната Маврово, како и хидроелектраните Црн Дрим, Треска и Тиквеш, гасната елекрана Енергетика-Скопје и ветерниот парк Богданци.